Штафетната трка (4х5 км) одржана денес, беше претпоследниот настан од Светското првенство во крос-кантри во женска конкуренција, ситуирано во Оберстдорф, Германија.
На неа, Норвешка (53:43,2) дојде до златниот медал, детронизирајќи ја шампионската селекција на Шведска од 2019.
Имено, за Норвешка настапија Тирил Уднес Венг, Хајди Венг, Терезе Јохауг и Хелене Мари Фосесхолм.
На второто место заврши Русија (+26,6) за којашто скијаа Јана Кирпиченко, Јулија Ступак, Татјана Сорина и Наталија Непрјаева.
Во битката за бронзата, Финска (+46,2) неочекувано и потполно сензационално славеше над САД (+47,0).
Предводничка на финскиот успех беше Криста Пармакоски, заедно со Јасми Јоенсуу, со Јохана Матинтало и со Риита-Лииза Ропонен, додека најдобрата неевропска селекција ја претставуваа Хејли Свирбул, Седи Мобет Бјорнсен, Роузи Бренан и Џеси Дигинс.
Сите останати репрезентации имаа заостаток поголем од една минута, а во првите пет се најде уште домаќинот Германија.
📸 Matthias Hangst/Getty Images