Претпоследното натпреварување од Светското првенство во нордиска комбинација во машка конкуренција, се одржа денес на големата скокалница во Оберстдорф (ГС 137), заедно со трката на десет километри.
После првата серија, со скокот од 138 метри, 19-годишниот Јоханес Лампартер ја држеше првата позиција и накрај успеа да ја одбрани истата за првиот златен медал во својата кариера (23:11,1).
Во битката за среброто, рамо до рамо скијаа Јарл Магнус Риибер и Акито Ватабе, кои беа на втората и на третата позиција после скокот.
На целната линија прв стигна Норвежанецот (+37,1), кој забрза во самиот финиш, оставајќи го Ватабе (+45,8) со бронза на својот врат.
Во продолжение, сите останати скијачи доцнеа над сто секунди, а најдобри од нив беа: Ерик Френцел (+1:57,7), Фабијан Рисле (+1:57,9), Илка Херола (+1:59,0), Јенс Лураас Офтебро (+2:04,3), Еспен Андерсен (+2:10,5), Лорен Муленталер (+2:27,1) и Рјота Јамамото (+2:31,5).
📸 Markus Tobisch/SEPA.Media /Getty Images



