
Њујорк Никс се наоѓаат во серија од три врзани порази, откако синоќа загубија со 91-102 од Њу Орлеанс Пеликанс.
Пеликанс водеа во текот на цел натпревар, а Никс и покрај подобрата последна четвртина (34-21), не успеаја да се доближат до едноцифрен дефицит.
Од екипата на ,,Пеликаните”, Џош Харт постигна 17 поени, а Јонас Валанчиунас имаше дабл-дабл учинок од 18 поени и од 10 скокови.
На спротивната страна, Ар Џеј Берет уфрли 17 кошеви, а дабл-дабл запиша Митчел Робинсон со 17 поени и со 15 скокови.
Во Источната конференција, Никс (22-24) паднаа на единаесеттата позиција, додека Пеликанс (17-28) се тринаесетти на Западот.




