Атланта Хокс го запишаа првиот пораз после седумте победи во низа, откако синоќа загубија со 90-99 од Њујорк Никс.
Во текот на првите три четвртини, двете екипи имаа серии и наизменично го преземаа водството со пресврти.
Сепак, во последниот квартал, Њујорк не ја испушти позитивата од свои раце и во најголем дел имаше двоцифрено водство.
Од победничкиот состав, најефикасни со 20, односно со 23 поени беа Иван Фурние и Алек Буркс.
На спротивната страна, Тре Јанг (33) беше поентерски најрасположен, а Клинт Капела (16 поени и 21 скок) запиша дабл-дабл.
Со вториот меѓусебен триумф во низа, Њујорк (11-9) го презеде седмото место на Истокот, спуштајќи ја Атланта (11-10) на осмата позиција.