
Денвер Нагетс ја продолжија губитничката серија на Голден Стејт Вориорс на пет порази, откако синоќа ги надиграа со 131-124.
Главен протагонист во триумфот на составот од Колорадо беше Србинот Никола Јокиќ.
Актуелниот МВП на лигата дојде до својот седумдесет и петти трипл-дабл во кариерата, односно осумнаесетти во сезоната, уфрлувајќи 32 поени, 15 скокови и 13 асистенции.
Воедно, Јокиќ стана прв кошаркар со трипл-дабл на две последователни средби од 30+ поени и со 70% прецизност на шут од игра после Вилт Чемберлејн од март 1968.
На спротивната страна, Џордан Пул имаше 32 поени, а рекорд на кариерата од 30 кошеви заби Моузес Муди.
На Западот, Нагетс (39-26) ја држат шестата позиција, а Вориорс (43-22) паднаа од второто на третото место.