Томе Пачовски, поранешниот капитен на македонската А репрезентација е нов тренер на голмани во најдобрата селекција и ќе биде асистент на селекторот Благоја Милевски.
Пачовски е поранешен голман на Пелистер, Брегалница Делчево, Работнички, како и Вардар во домашната фудбалска сцена, а интернационалната кариера ја градеше во дресот на грчки Јоникос, како и белгиските Бершот и Мехелен.
