Во 1/16-финалето од тековната НХЛ сезона се соочуваат Ванкувер Кенакс и Минесота Вајлд. Првиот натпревар, Минесота го доби со 0-3, а синоќа, Кенакс ја израмнија серијата на 1-1 со победата од 4-3.
Најпрво, после неполни триесет секунди игра, Ванкувер го отвори резултатот со голот на Танер Пирсон. До крајот на првата третина, Минесота израмни на 1-1 преку Лук Кунин, кој го постигна својот прв плејоф погодок во кариерата.
Во наредните дваесет и седум минути игра, Ванкувер постигна три гола за предност од 4-1. Стрелци беа Џеј Ти Милер, Брок Босер и Бо Хорват. До крајот на мечот, во последните две и пол минути, Кевин Фијала постигна два гола за Минесота и го постави конечниот резултат.



