Екипата на Каролина Хурикејнс е првиот патник во осмина-финалето на тековната НХЛ сезона. Хурикејнс, во 1/16-финалето, се соочија со Њујорк Ренџерс и со вкупен резултат од 3-0 успеаја да поминат во наредната фаза. Првите два натпревари, хокеарите на Род Бринд’Амур ги добија со 3-2 и 4-1, а синоќа славеа повторно со 1-4.
Имено, Ренџерс поведоа со 1-0 благодарение на голот на Крис Крајдер, а потоа Хурикејнс поентираа четири пати – Теуво Тераваинен, Варен Фогеле и Себастијан Ахо (х2).



