Лас Вегас Рејдерс го затворија првото коло од новата НФЛ сезона со победа од 33-27 над Балтимор Рејвенс после продолжение.
Имено, Рејвенс важеа за фаворити на овој натпревар и после три четвртини водеа со 10-17.
Гостите, исто така, имаа водство и во текот на цела четврта четвртина, но не дојдоа до победата поради Даниел Карлсон, шутерот на Лас Вегас, кој постигна филд-гол од 55 јарди во последната секунда.
Во продолжението, двете екипи пружија вистински спектакл, со по една изгубена топка и на двете страни и со победоносен тачдаун на Рејдерс, вреден за прва меѓусебна победа после 2016 и само четврта во последните две децении.
Вистински херој за домашниот состав беше квотербекот Дерек Кар, кој освои 435 јарди од 34/56 обиди за додавање и притоа постигна и два тачдауни.
Од неговите соиграчи, топката во енд-зоната ја однесоа Дерен Волер, Зеј Џонс и Џош Џејкобс (х2 со трчање).
На спротивната страна, Ламар Џексон освои вкупно 321 јард и уфрли за еден тачдаун кон Маркис Браун, а дополнителни дванаесет поени придонесоа Тај’Сон Вилијамс и Латавиус Мареј со пробивање.
Во соработка со НФЛ Македонија