Четвртите овосезонски трки по масовен старт од Светскиот куп во крос-кантри беа одржани денес во шведскиот Фалун.
Во женска конкуренција, трката се одвиваше на десет километри, а најбрза од сите, во неверојатна завршница, беше Швеѓанката Лин Сван (25:57,1).
Терезе Јохауг (+0,9) повторно беше натскијана во завршниот спринт, но овој пат, освен од Сван, Норвежанката беше поразена и од Јулија Белорукова Ступак (+0,4).
Од друга страна, мажите скијаа пет километри повеќе од своите колешки, а до победата стигна Александер Болшунов (35:16,3).
Во фото-финиш, за второто место, Јоханес Клебо (+0,4) го претекна Паал Голберг (+0,4). Во топ 5 завршија уште двајца Норвежани – Емил Иверсен (+4,0) и Сјур Роте (+4,3).
📸 Getty Images