Екипите на Ливерпул и Манчестер Јунајтед за играчи до 23 години, одиграа спектакуларен натпревар со дури девет гола, каде што младите ,,Црвени ѓаволи” победија со 6:3, а успешно деби откако стана член на Јунајтед имаше 18-годишниот Амад Диало.
Диало на својот прв меч за У-23 тимот на Манчестер даде два гола, од кои првиот и шестиот за својот тим. Вториот му беше од пенал на атрактивен начин, со „Паненка“. Во прилог и видео од фантастичниот гол на дебитантот:



