
Неверојатниот натпревар помеѓу Колингвуд Мегпајс и Есендон Бомберс го затвори шестото коло од тековната АФЛ сезона.
Имено, пред 95 179 гледачи на ,,Мелбурн Крикет Граунд”, Мегпајс дојдоа до триумф од (13.12) 90-77 (11.11).
После третата четвртина, Бомберс водеа со максимални +28, но во последниот квартал, номиналните домаќини направија серија од 44-3 за конечен триумф.
Од поразениот состав, двоцифрен поентерски учинок имаа Кајл Ленгфорд (3.1) и Сем Вајдеман (2.2).
Кај ,,Црно-белите”, по два гола постигнаа Џек Гиниван (2.2), Еш Џонсон (2.1), Ник Даикос (2.1), Џордан Де Гој (2.1) и Бо МекКрири (2.0).
На табелата, Колингвуд го зазема второто место, додека Есендон се спушти на четвртата позиција.