Удинезе синоќа со 0-2 победи на гостувањето кај Рома. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски беше стрелец на вториот погодок.
Несторовски победата против Рома и постигнатиот гол му ги посвети на неговиот соиграч, Роландо Мандрагора, кој пред околу една недела заработи тешка повреда поради која долго ќе биде надвор од теренот.
„Оваа победа и овој гол му ги посветувам на Роландо, знаеме дека тој минува низ лоша повреда, но синоќа дојде со нас и беше на стадионот да навива. Оваа победа е за него и се надевам дека ќе се врати колку што е можно побрзо затоа што ни недостасува“
„Заслуживме да победиме на овој натпревар, но одигравме добро и на првите два натпревари. Денеска постигнавме одличен резултат и среќни сме поради тоа“.