Летото започна а една од нашите најпознати и најзгодни пејачки Викторија Лоба ја најави новата соработка со брендот Her Line каде е заштитно лице на нивната нова колекција на костими за капење.
“Драги дами, летото конечно ни пристигна, иако малку доцнеше, сепак се појави.
Е сега, лето без идеален костим за капење, не е лето! Сите вие кои што се согласувате со оваа моја мала констатација, имам супер вест за вас! Чест и задоволство ми е да Ви ја најавам соработката со брендот Her Line.
Станува збор за нова колекција на костими за капење, и ова само најава за она што допрва ќе имате можност да го видите од нас.
Наскоро очекувајте многу новитети. За повеќе детали, отворете ја официјалната веб страна на HER LINE www.herline.mk оваа недела имате и попуст на сите модели. “