Во рамките на Прва ЖФЛ стартуваше продолжението на натпреварувачката сезона. Во Тетово ,,Дрим-тимот” на ЖФК Љуботен оствари тешка и минимална победа над екипата на ЖФК Топ Гол од Битола со резултат од 1:0 на полувреме беше 0:0.
Победничкиот гол беше дело на засилувањето Анѓела Миловановиќ во второто полувреме во самиот финиш, односно во 87 минута. Иако натпреварот изобилуваше со многу шанси, сепак домашната екипа не го пронаоѓаше патот до мрежата, но сепак еден гол им беше доволен за да запишат нови три бода.

Средбата помина во фер и коректна атмосфера, а ова беше шанса ЖФК Љуботен на првентсвен натпревар да ги покаже сите играчки засилувања, а од друга страна младиот тим на ЖФК Топ Гол да го искаже талентот во својата екипа.
Фото: ЖФК Љуботен – Тетово Официјална Страна



