Во 13. коло, дивизиските ривали од АФК Југ, Хјустон Тексанс и Индијанаполис Колтс, ги одмерија силите за првпат сезонава.
Во првото полувреме, нападите на двете екипи ,,експлодираа”, откако резултатот гласеше 20-24 во корист на Колтс. Низ историјата, ова е нивното најефикасно меѓусебно прво полувреме, односно 37. од сите досегашни средби.
За Тексанс, поентери беа Дешон Вотсон и Дејвид Џонсон преку тачдаун, односно Ка’ими Фербирн преку шутеви. Од друга страна, тачдауни за Колтс забележаа Ти Вај Хилтон, Најхим Хајнс и Џонатан Тејлор, а Родриго Бланкеншип ги погоди шутирањата.
Одбраните и на двете екипи доминираа во вториот дел, каде што единствените два поени паднаа преку ,,сејфти”. На минута и пол до крајот, Тексанс се наоѓаа на само јард од противничката енд-зона, но ја загубија топката, воедно и натпреварот, поради лошото изведување.
Накрај, Индијанаполис триумфираше со 20-26 за учинок од 8-4 што ги држи рамо до рамо со Тенеси Титанс во борбата за првата дивизиска позиција.
Во соработка со НФЛ Македонија