Тимот што е еден од претендентите за титулата, Њујорк Јенкис, синоќа доживеа неприфатлив пораз од најслабата екипа во цела лига.
Имено, Јенкис загубија на домашен терен со резултат од 3-4 од Балтимор Ориолс, кои дојдоа до само петтиот триумф на последните триесет натпревари.
На мечот, после шест и пол ининзи, Ориолс водеа со 0-3, стекнати преку Треј Мансини, Џамаи Џонс и Седрик Малинс.
Во наредните два периоди, хоум-ранот на Џои Гало и освоените бази на Ентони Рицо и на Ди Џеј ЛеМехју им донесоа резултатски егал на Јенкис во пресрет на самата завршница.
Иако домаќините беа во налет, сепак гостите дојдоа до конечниот триумф со трчањето на Рајан Маунткесл во последниот ининг.
И покрај славјето, Балтимор (42-92) остана зацврстен на последното место во Американската лига, додека Јенкис (78-57) ја делат третата позиција со Чикаго Вајт Сокс.