Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер (20.45 ч.) и ги започнуваат настапите во Лигата на Европа. Tие во салата “Боро Чурлевски” во Битола го рамки на првото коло играат против францускиот Ним.
Изјава на Ненад Костески пред натпреварот со Ним:
Секоја екипа од Франција е голем предизвик за нас. Точно знаеме каква екипа е Ним. Деновиве се подготвувавме напорно и знаеме против каков ривал ќе играме. Ја поканувам публиката да нè поддржи во поголем број. Знам каква е битолската публика, живее за ракометот и се надеваме дека ќе бидат во голема бројка за да биде наш осми играч. Ним е фаворит во оваа група, ќе биде навистина тешко. Имаат добар проток на топка и многу се брзи. Не треба да се предаваме и мора да одиме цврсто, па да покажеме каква екипа сме.



