
Недела, 24 октомври 2021, е ден резервиран за бројни локални, градски и историски дербија. Во фудбалскиот свет, нивниот распоред ќе гласи:
(14.00 часот) Брондби – Копенхаген
(15.00) Вест Хем – Тотенхем
(16.15) Барселона – Реал Мадрид
(16.45) Ајакс – ПСВ
(17.30) Манчестер Јунајтед – Ливерпул
(18.00) Рома – Наполи
(18.00) Зенит – Спартак Москва
(18.30) Генк – Гент
(19.30) Олимпијакос – ПАОК
(20.45) Марсеј – ПСЖ
(20.45) Интер – Јувентус
Освен фудбал, љубителите на зимските спортови ќе можат да уживаат во отворањето на новата сезона од Светскиот куп во алпско скијање со првиот велеслалом во машка конкуренција во Зелден, Австрија. Првата серија ќе започне во 10.00 часот, а втората во 13.30.
Во продолжение, мотоспортот ќе го исполни календарот со трките во Мизано во Мото 3 (11.00), во Мото 2 (12.20) и во МотоГП (14.00) категоријата, односно со гран-прито на САД во Формула 1 (21.00).
Нема да разочара ниту кошаркарската АБА лига со два интересни дуели, Морнар – Црвена Ѕвезда (17.00) и Цедевита – Будуќност (19.00), а ,,шлаг на тортата” ќе биде дуелот од СП во Т20 крикет помеѓу најжестоките ривали – Индија и Пакистан (16.00).
За фановите на американските спортови, недела ќе биде потполен ,,празник”, затоа што ќе може да се следат натпревари од сите четири најпрестижни лиги: НФЛ, НХЛ, НБА и МЛБ.