
Нефтехимик Нижнекамск ја продолжи негативната серија на пет последователни порази, откако денес загубија со 0-3 од Сибир Новосибирск.
Гостите покажаа драстично поголема иницијатива во првиот период, во чие времетраење воедно стекнаа почетно водство со голот на Ник Шор.
Резултатот од 0-1 беше актуелен сè до последните четири минути, кога Александер Шаров ја искористи играчката предност на Сибир и зголеми на 0-2.
До крајот, домаќините играа со празна мрежа, но со вишок играч во поле што резултираше со уште еден погодок на гостите преку Валентин Пјанов за конечни 0-3.
Голманот на победничкиот состав, Хари Сатери, имаше 34/34 одбранети шутеви со кои дојде до петтиот шут-аут во сезоната.
Нефтехимик, поради лошата серија, има големи шанси да ја напушти плејоф-зоната на Истокот, додека Сибир го зазема шестото место.