
Со синоќешната победа од 0-3, Детроит Ред Вингс триумфираа на гостински терен против Њу Џерси Девилс за првпат после 17 ноември 2018.
Гостите поведоа во првата третина со голот на Оскар Сундквист, кој се запиша во листата на стрелците по четврт пат во дресот на Ред Вингс.
Резултатскиот дефицит ги натера Девилс да играат со вишок играч во поле, а празната мрежа ја искористија Тајлер Бертуци и Мајкл Расмусен за поставување на конечниот резултат.
На голот на победничкиот состав стоеше Американецот со српско потекло, Алекс Недељковиќ, кој запиша шут-аут со 17/17 одбранети шутеви.
Во Источната конференција, Детроит ја држи дванаесеттата, а Њу Џерси – четиринаесеттата позиција.