
Милвоки Бакс дојдоа на чекор до пласман во четвртфиналето на НБА, откако поведоа со вкупни 3-1 против Чикаго Булс.
Во четвртиот меѓусебен натпревар, актуелните шампиони ги добија ,,Биковите” со 95-119 на гостински терен.
После неизвесната прва четвртина следуваше вториот квартал, кој Милвоки го доби со 31-19 и ја стекна клучната предност.
Од победничките редови, дабл-дабл постигнаа Јанис Антетокумбо (32 поени и 17 асистенции) и Боби Портис (14 поени и 10 скокови), а 27, односно 26 поени додадоа Грејсон Ален и Џру Холидеј.
На спротивната страна, по две двоцифрени статистики имаа Зек ЛаВин (24 кошеви и 13 асистенции), Патрик Вилијамс (20 кошеви и 10 скокови) и Никола Вучевиќ (11 кошеви и 10 скокови).