Синоќа, Милвоки Бакс и Бостон Селтикс го одиграа својот прв меѓусебен натпревар после 17 јануари, а воедно и првиот меч за двете екипи по рестартот на сезоната.
До победата дојде Милвоки, кој водеше во текот на цел натпревар, освен во неколку наврати кон крајот на третата и почетокот на четвртата четвртина. Крајниот резултат изнесуваше 119-112.
Најефикасен играч на натпреварот беше Јанис Антетокумбо со дабл-дабл учинок од 36 поени, 15 скокови и 7 асистенции. Кај Бостон, најефикасен беше Маркус Смит со 23 поени, а единствен со дабл-дабл беше Даниел Тајс со 13 поени и 12 скокови.