Хјустон со неверојатен пресврт на 45 секунди до крајот со 153:149 славеше над Далас. Со 49 поени, 9 скока и 8 асистенции Џејмс Харден беше предводник во победата и најдобар играч на мечот.
Кај Далас фантастичен натпревар одигра и Лука Дончиќ, кој дуелот го заврши со „трипл-дабл“, составен од 28 поени, 13 скока и 10 асистенции.