Во рамки од 8. коло на Лигата на шампионите, Вардар гостува кај полскиот шампион Виве Келце, кој оваа сезона игра одлично во европската елита и е лидер на табелата во групата А. Полскиот тим е добро познат за избраниците на Стевче Алушовски, кои вечерва ќе имаат нова шанса да го совладаат големиот ривал на нивни терен.
На дуелот пред една седмица во „Јане Сандански“, Келце по пет години пауза го совлада Вардар во Скопје, па сега „Црвено-црните“ се желни за идентична одмазда, односно за премиерна победа во домот на полскиот гигант.
Македонскиот и Европски шампион досега многупати знаел да направи чуда на ракометните терени, па зошто да не биде така и вечерва во „Логионов Aрена”. Дуелот меѓу големите ривали е закажан за од 20:45 часот.
Фото: RK Vardar 1961



