Синоќа, Лос Анџелес беше на нозе поради градското НБА дерби одиграно помеѓу ЛА Клиперс и ЛА Лејкерс. Двете екипи одиграа рамноправен натпревар во кој резултатската позитива беше и на двете страни. Сепак, со поубедливата четврта четвртина, Лејкерс стигнаа до победата д 103-112. Најефикасен играч на мечот беше Пол Џорд (ЛА Клиперс) со триесет и еден поен, а веднаш по него следуваше дуото на Лејкерс – Ентони Дејвис со триесет односно ЛеБрон Џејмс со дваесет и осум поени.
За Лејкерс, ова е прва меѓусебна победа после речиси цела година. Последен пат „Езерџиите“ славеа на 6 април 2019 со 117-122. Со овој натпревар беше прекината серијата од шест врзани победи на Клиперс, додека Лејкерс ја запишаа четвртата последователна победа. На табелата, Лејкерс се пропласирани (49-13), а Клиперс второпласирани (43-20) на Западот.