Одредена група на навивачи на Марсеј се обиделе на сила да влезат во тренинг центарот на клубот со цел да прават нереди бидејќи се незадоволни од резултатите на екипата.
Според ифнормациите кои пристигнаа од Франција и како што се гледа на фотографијата, околу 200 навивачи со пиротехника го запалија тренинг центарот, а засега не е познато дали и колку од фудбалерите се повредени.
Во меѓувреме околу 300 навивачи на Сент Етјен исто така се обиделе да влезат во тренинг-центарот на истоимената екипа употребувајќи сила, со цел да се пресметаат со фудбалерите некриејќи го незадоволството по тешкиот пораз на Сент Етјен од 0:5 на домашен терен против Лион.