Енис Барди е креаторот на сензационалниот триумф на Леванте против големиот Реал среде Мадрид со конечни 2:1. Македонската ѕвезда како џокер од клупата ги одигра последните половина час од мечот, а во 78-та минута со сјајна асистенција го најави шокот во 21-то коло во Примера.
Барди одлично го пронајде Роџер во гужвата пред голот на Куртоа, а овој со удар од прва го надмудри белгискиот голман, кој претходно му одбрани пенал на напаѓачот на гостите.