Во пријателски натпревар актуелниот шампион ЖФК Каменица Саса во Куманово се сретна со ЖФК Речица и натпреварот го добија во своја полза со резултат од 1:6. Заслужни за рутинската победа беа двојните стрелци Ана Димитровска, Пале Николовска и Рабија Дервиши.
На овој натпревар домашната екипа покажа дека има млада и перспективна екипа на која што во иднина може сериозно да се смета, а во гостинската екипа натпреварот беше можност да дебитираат новите засилувања Драгана Костова и Сара Коларовска како и прилика за промоција на младата Мелани Стаменковска.



