
Во рамките на дваесеттото коло од англиската Национална лига, Нотс Каунти ремизираше со Јеовил со 0-0.
За двете екипи, ова беше трето реми на последните четири меѓусебни пресметки.
На мечот, Нотс Каунти вршеше притисок и имаше посед на топка од убедливи 81%-19%, но Грант Смит успеа да ја зачува својата мрежа.
Имено, овој натпревар влезе во историјата бидејќи го сруши рекордот за најбројна публика во историјата на Националната лига при што, на ,,Медоу Лејн” во Нотингем, на трибините беа присутни 16 511 гледачи.
На табелата, Нотс Каунти падна на второто место, додека Јеовил ја зазема деветнаесеттата позиција.