
Фудбалската еуфорија, односно 22. издание на Светското првенство, започнува денес во Катар.
За првпат во историјата, овој настан нема да се одржи во летниот период поради екстремно високите летни температури на блискиот Исток.
Исто така, Катар е првата арапска земја, која организирала СП и трета азиска држава-домаќин на најгледаното спортско случување после Јапонија и Јужна Кореја (СП 2002).
Оваа година учествуваат 32 екипи, поделени во осум групи, кои ќе играат во пет различни градови на осум различни стадиони.
Финалниот меч ќе се одигра на ,,Лусаил Иконик Стадиум” на 18 декември – националниот ден на Катар.
Актуелен светски шампион е екипата на Франција, која во 2018, во финалето ја доби Хрватска со 4-2 и се закити со втората титула.
Од останатите шампиони, во групната фаза ќе се најдат сите освен Италија, односно Уругвај, Германија, Бразил, Англија, Аргентина и Шпанија.
Распоред на екипите по групи:
Група А: Катар, Еквадор, Сенегал, Холандија
Група Б: Англија, Иран, САД, Велс
Група Ц: Аргентина, Саудиска Арабија, Мексико, Полска
Група Д: Франција, Австралија, Данска, Тунис
Група Е: Шпанија, Костарика, Германија, Јапонија
Група Ф: Белгија, Канада, Мароко, Хрватска
Група Г: Бразил, Србија, Швајцарија, Камерун
Група Х: Португалија, Гана, Уругвај, Јужна Кореја