Во шестото коло од југоисточната дивизија на Истмијан Лиг (англиска осма лига), Хејвардс Хит Таун славеше со 2-1 над Ашфорд Јунајтед.
Домаќините стекнаа предност од 2-0 со головите на Џордан Кларк (4′) и на дебитантот Лук Робинсон (68′) и се обидоа мирно да го завршат натпреварот.
Сепак, само четири минути подоцна, на 2-1 намали Тарик Осаи (72′), а возбудата во финишот се зголеми, откако домаќините останаа со играч помалку.
Имено, поради тоа што се обидуваше да одземе време, стрелецот на првиот гол, Кларк, доби жолт картон и веднаш се затрча кон својот шеснаесетник што резултираше со нова јавна опомена (82′).
Станува збор за еден од најкомично добиените црвени картони во последно време, кое за среќа на Хејвардс Хит Таун, немаше последици по резултатот.
Со новите три бодови, Хејвардс остана на врвот на табелата, додека Ашфорд Јунајтед го држи петтото место.
Делот од видеото со двата жолти картони на Кларк започнува на 5:40 минути.