Вечниот ,,класик” на Источната конференција во КХЛ го сочинуваат екипите на Металург Магнитогорск и на АК Барс Казањ.
Токму овие две екипи се соочија денес на ,,Арена Металург” во Магнитогорск.
После регуларните шеесет и продолжените пет минути игра, резултатот изнесуваше 2-2.
Најпрво, АК Барс поведе преку Најџел Доус, а во продолжение, домаќините направија пресврт, благодарение на Сергеј Мозјакин и на Максим Карпов, пред Михаил Глухов да израмни на 2-2.
За да се одреди победникот, следуваа пеналите, кои гостите од Казањ ги добија со 2-1. За АК Барс, двапати погоди Најџел Доус, од првиот и од шестиот обид, додека за Металург, во петтата серија прецизен беше Јегор Јаковлев.
Ова беше прва меѓусебна пенал-серија после 23 октомври 2019, односно кога Металург за последен пат го доби денешниот ривал.
Со овој триумф, Казањ останува на врвот на Истокот, додека ,,Лисиците” од Магнитогорск, со осмиот пораз во последните десет средби, паднаа на шестото место.



