Урбан колач од само 4 состојки, готов за 4 минути
Урбан колачот си го доби своето име од гостувањето во Урбан Таг на ТВ21.
Ее сега рецептчетоооо ееее врв! За сите chocolate lovers.
Знаете дека гледам секогаш да е едноставно и брзо, па овој колач е од само 4 состојки, а ние во емисија го направивме и за 4 минути.
За подлогата еурокремот истопете го на пареа со путерот и измешајте го со бисквитите. Постепено додавајте од бисквитите дури не добиете густа смеса (по потреба додадете уште малку бисквити). Натапкајте ја подлогата во мало плехче со хартија за печење. Одозгора прелијте го со бела чоколада исто така растопена на пареа. За поинтересен изглед јас одозгора го ишарав со црно чоколадо и со чачкалица направив разни шари дури не беше зацврстено белото чоколадо. Оставете сосем малку во фрижидер колку да се зацврсти чоколадото и може да го исечете и послужите колачот



