Единствениот денешен натпревар во КХЛ го одиграа екипите на Јокерит и на Салават Јулаев Уфа.
Крајниот резултат на овој меч гласеше 3-1 во корист на домаќините од Финска, кои ја запишаа втората врзана победа и се искачија на шестата позиција на Западот.
Од сите четири погодоци, дефинитивно најмногу внимание привлече првиот, чијшто стрелец беше Ииро Пакараинен, кој му донесе почетно водство на Јокерит со помош на заштитната ограда.
Набргу, Салават израмни на 1-1 преку Јевгени Лисовец, а до крајот, Јокерит го постави конечниот резултат, благодарение на Јесе Јоенсу и на Марко Антила.



