
По четврт пат во историјата, односно за првпат после 2008, трофејот Сем Мегваер, кој се доделува на шампионот на Ол-Ајрленд Сениор Фудбал Чемпионшип, заврши во Тироун.
Имено, новите шампиони на Алстер и единствените претставници на Северна Ирска во завршната фаза стигнаа до титулата со победа од (2-14) 20-15 (0-15) над Мејо.
За Мејо, ова е петто загубено финале во последните девет изданија на најквалитетното натпреварување во галски фудбал, во кое, последниот наслов им датира од далечната 1951.
На мечот, Тироун воглавно го контролираше резултатот со блага предност во своја корист, која изнесуваше 10-8 на полувремето.
Пресвртна точка на натпреварот беа воведните минути од вториот дел, кога новите шампиони постигнаа два гола и го зголемија своето водство на 16-11, кое беше недостижно за Мејо.
Од поразениот состав, единствени фудбалери со над два постигнати поени беа Рајан О’Донохи (0-8) и Томи Конрој (0-2).
Од друга страна, головите за Тироун ги постигнаа најефикасните Дерен МекКари (1-4) и Кетал МекШејн (1-0) на кои им се придружи уште Најал Морган (0-3).
На патот до големото финале, односно во самата завршница, Мејо го детронизираше шесткратниот шампион Даблин (17-14 после продолжение), а Тироун го порази вицешампионот од 2019 – Кери (22-23).