Манчестер Јунајтед е вториот четвртфиналист во ФА Купот по минималната остварена победа со 1:0 над Вест Хем. Во регуларните 90 минути ,,Црвените ѓаволи” не можеа да го најдат патот до голот на Фабијански, па Мектоминај во улога на џокер од клупата успеа да го реши мечот.