Продолжена соработката со 23-годишниот крилен офанзивец Дарко Додев и нов фудбалер на Брегалница е и еден од најдобрите фудбалери на Кит Го, 24-годишниот Владимир Дујоски
„Продолжуваме со нашиот проект за професионални долгорочни договори со младите играчи. Како клуб, силно веруваме дека преку овој тип договори отворено покажуваме на сите наши фудбалери една стабилност и сигурност во тимот, јасно ставајќи до знаење дека се размислува на нив на подолг период, a градејќи притоа екипа темелена на млади и талентирани фудбалери“ – изјави Никола Тонев.
Фото и извор: Фудбалски клуб Брегалница / Football Club Bregalnica