Маркус Рашфорд учествуваше во победата од 1:0 против Вест Хем во ФА купот и со тоа фудбалерот со само 23 години и 101 ден е четвртиот најмлад играч во историјата на ,,Црвените ѓаволи” кој запиша 250 настапи за екипата. Во оваа посебна категорија, пред англискиот офанзивец се само клупските легенди Норман Вајтсајд, Џорџ Бест и Рајан Гигс.