Челзи синоќа го победи Атлетико Мадрид со 2:0 и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Иако не даде гол, еден од најзаслужните за победата на лондонскито тим е Нголо Канте. Играчот кој е „мотор“ во екипата на Челзи во текот на сите 90 минути беше речиси секаде на теренот каде што беше потребно.
Како врв на одличната игра во текот на целиот меч, Канте во последната минута од дуелот покажа дека иако повеќе од 90 минути трча на теренот, нема проблем да направи спринт кога треба да се направи контра напад. Канте беше пред својот шеснаесетник кога Челзи ја освои топката и домаќините тргнаа во контра напад.
На снимката се гледа дека на Канте му беа потребни само осум секунди за да претрча повеќе од 70 метри и тоа по 90 минути трчање на теренот, што само е потврда за неговата физичка подготовеност. Во прилог и видео:



