Еурофарм Пелистер и теоретски се пласираше во четвртфиналето на СЕХА-лигата, по вечерашната победа над Металопластика, во Шабац, со 27-34. Металопластика играше добро во првиот дел и на полувреме битолчани заминаа со само 14-16. Отпорот на Металопластика беше скршен во вториот дел до 45. минута кога Еурофарм Пелистер играше одлично и во одбрана и во напад и заводе со 18-27 и го реши мечот. До крајот остана само рутинска задача па двата тренери шанса им дадоа на сите ракометари за конечни 27-34 за гостите.
Градимир Чаневски беше прво име на Еурофарм Пелистер со 14 одбрани, а во нападот блескаше Елмир Граѓан со 7 од 7. Го следеа Стипе Мандалиниќ и Јосип Периќ со по 5 гола и младите Мараш и Костески со по 4 гола. Кај домаќините најрасположен беше Додиќ со 7 гола.