МЗТ Скопје Аеуродром загуби со резултат од 76:68 од Спарс Сараево на стартот од балон-турнирот на Златибор во рамките од АБА 2 лигата. ,,Металците” со некомплетен состав во отсуство на американците Олуџоби и Гарет, како и Магдевски, добро се држеа во дуелот против босанската екипа, на која и дозволија првпат да се радува по седум меѓусебни дуели.
Дамјан Стојановски заврши со 18 поени, Бојиќ го следеше со 14 поени во петтиот пораз на македонскиот првак во АБА 2 лигата. На другата страна Каменјаш со 18 поени го предовдеше Сараево до победата.