Манчестер Сити во текот на летниот преоден рок ќе мора да најде замена за Серхио Агуеро, кој си заминува како слободен играч и воедно е блиску до потпис со Барселона. Ингс минатата сезона беше трет најдобар стрелец во Премиер лигата со 22 погодоци, исто колку што имаше и Обамејанг, а само еден гол помалку од освојувачот на Златната копачка, Џејми Варди.
Оваа сезона не е толку ефикасен, има само осум лигашки гола, но 29-годишниот Ингс покажа дека има квалитет да игра за подобра екипа. Евентуален трансфер на „Етихад“ ќе му биде како добиена втора шанса да ја збогати кариерата со трофеи, откако првиот обид во Ливерпул му беше неуспешен поради двете тешки повреди на колената.