Кларинетистот Благојче Трајковски во соработка со нашата позната пејачката и виолинистка Андријана Јаневска ја промовира песната „Трепет“.„Трепет“ е прекрасен спој на класичната и традиционална музика. Музиката за песната е на самиот Благојче, додека аранжманот на големиот композитор и диригент Димитар Христов. Аудиопродукцијата е производ на Дејан Момироски, додека спотот е снимен во Завод и музеј во Битола од страна на VESTAPRODUCTION.
Гости на оваа нумера се многу инструменталисти:
- Виолини: Ѓорѓина Поповска, Игор Милевски, Илија Филиповски, Димитар Михајловски, Мартин Кушевски - Виоли: Бојан Талески, Верица Ајтовска, Александар Лаовски - Виолончело: Љупчо Милевски - Гитара: Петар Миланов - Перкусии: Ратко Даутовски
Уживајте!