Популарниот голф турнир, ВГЦ Чемпионшип, се одржа во текот на изминатиот викенд, по 22. пат во историјата.
Имено, станува збор за еден од четирите турнири што се проследени со епитетот ,,Светски голф шампионат”.
На него, до четвртата ПГА победа во кариерата дојде Колин Морикава со вкупен учинок од (-18).
Американецот победи за првпат после 9 август 2020, кога го освои ПГА Чемпионшип.
На последниот турнир, по денови, неговиот резултат гласеше (-2), (-8), (-5) и (-3).
Второто место, со по (-15), го поделија тројца голфери, Виктор Ховланд, Били Хоршел и Брукс Коепка, а како петти заврши Скоти Шефлер (-14).
📸 Harry How/Getty Images



