Со синоќешниот пораз од Мемфис Гризлис со 84-133, Хјустон Рокетс ја загубија и единаесеттата пресметка во низа што претставува најлоша активна серија во НБА.
Домаќините беа конкурентни само во првата четвртина, а во понатамошниот дел од мечот, Гризлис константно ја калеа својата предност, која накрај достигна максимални +49.
Најефикасните тројца кошаркари беа дел од победничкиот состав: Џастис Винслоу (20 поени), Брендон Кларк (16 поени и 12 скокови) и Десмонд Бејн (15 поени).
Од редовите на Хјустон, со по 14 кошеви, најдобри беа Џа’Шон Тејт и Џон Вол.
На табелата на Западот, Рокетс (11-21) паднаа на претпоследното место, додека Мемфис (15-15) ја зазема деветтата позиција.
📸 Joe Murphy/NBAE via Getty Images



