Абердин ќе игра во финалето од Лига Купот откако победи со 1-0 против Хибернијан.
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски со прекрасен гол откако претрча 80.метри донесе голема победа за Абердин во натпреварот кој се играше на неутрален терен.
Претходно во 75. минута Абердин остана со фудбалер помалку откако Мекензи доби втор жолт картон.