Eкипата на Стружанка во 7. коло од Женската лига вечерва во салата “Нико Нестор” во Струга славеше против Шампион со 39:33.
Најдобри ракометарки во тимот на тренерот Владимир Паноски беа младите Далипоска со 10 и Раткушиноска со 9 погодоци. Во гостинскиот тим се истакнаа Ѓорѓиева со 10 и Филипова со 8 гола.