Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски погоди против шампионот Селтик во 2. коло од новата сезона во Премиер лигата во Шкотска. Сепак неговиот Абердин загуби со 1:3. Абердин имаше негатива од 12. минута, а Миовски во 25. минута израмни на 1:1.
Абердин во првото коло одиграа без голови против Ливингстон, па голот на нашиот Бојан беше нивни прв во првенството на Шкотска.