Брера Струмица дојде до втората победа откако на свој терен со 2-0 ја совлада екипата на Воска Спорт. Истото го направи и Тиквеш откако со 0-3 славеше на гостувањето кај Гостивар и останаа осамени на чело на табелата заедно со Струмичани.
Дербито помеѓу Вардар и Шкупи во 79. минута го реши Нилтињо кој даде гол за победа на гостите од Чаир со 0-1. Во останатите два дуели Силекс дојде до триумф над Работнички од 2-0, додека Македонија Ѓорче Петров ја совлада Брегалница со 1-0. Дуелот помеѓу Шкендија и Струга ТЛ е одложен поради настапот на стружани во Конференциската лига во Европа.
ПРВА ЛИГА, 2.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ВАРДАР – ШКУПИ 0-1
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 2-0
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 0-3
АП БРЕРА – ВОСКА 2-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА 1-0
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (oдложена за 30.август)
ТАБЕЛА: Тиквеш 6, Брера 6, Работнички 3, Струга 3 (-1), Брегалница 3, Шкендија 3 (-1), Силекс 3, Шкупи 3, Македонија ЃП 3, Вардар 0, Воска Спорт 0, Гостивар 0.